Приказни за мали и големи

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 96 | Димензии: 125x200 | Корица: мека

За (нај)малите читатели Толстој напишал голем број раскази во форма на басни. Во овие забавни куси приказни главните ликови – животните – со едноставни зборови кажуваат големи вистини и поуки. Преку нив децата ќе сфатат колку многу работи можат да научат слушајќи ги другите, угледувајќи се на добрите и избегнувајќи ги грешките на лекомислените. Во расказите за повозрасните читатели Толстој остро ги критикува и ги разобличува државните институции, неправедните судови, лицемерието на црквата и на благородниците, застанувајќи на страната на обичниот човек. Со своето мајсторско перо покренува големи прашања и успева да ги издигне на такво уметничко ниво што неговите дела заслужено заземаат едно од првите места во светската книжевност. А покрај сето тоа, како што забележува Џемс Џојс, „тој никогаш не е здодевен ниту глупав, никогаш не е уморен, педантен или театрален“. Неговите раскази нудат вистинско уживање за сите вљубеници во убавиот пишан збор.

Цена: 100 ден 70 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Приказни за мали и големи

Категорија:
ИСБН: 9786082011813

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Приказни за мали и големи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in