Принципи на меѓународното право

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Principles of International Law | Бр. на страни: 536 | Димензии: 155x235 | Корица: /

Меѓународното право постојано го трансформира светот во кој живееме. Многу од секојдневните случувања, во кои сме директно или индиректно вклучени, се случуваат во средина во која владеат транснационални правила. Тие правила се разработени во оваа книга. Објаснета е основата на меѓународното право: неговата природа, неговата историја и неговите теоретски основи. Воедно, наведени се и субјектите што го овозможуваат тоа: државите, меѓународните организации итн. Разработен е начинот на кој се создава, толкува и се спроведува меѓународното право, како и механизмите за решавање на споровите. Се разгледуваат човековите права, правото за животната средина, меѓународните злосторства, правилата за војување, меѓусебните врски на меѓународното и националното право, со посебен осврт на американското право за надворешни односи.
Целта на авторот Шон Д. Марфи (професор по право при Универзитетот „Џорџ Вашингтон“) не е да обезбеди сеопфатен преглед на сите погоре наведени теми, бидејќи за тоа би биле потребни уште илјадници страници, туку да ги наведе главните принципи и да обезбеди основни информации за студентите и за практикантите, со соодветна дополнителна литература за понатамошни усовршувања. За да се задржи живоста на материјата, дадени се релевантни и современи примери на спорови во кои е применето меѓународното право. Иако централно место во оваа книга има меѓународното право, посветено е одредено внимание и на новите трендови во меѓународната соработка – огромното влијание на невладините организации.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1750 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Принципи на меѓународното право

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-003-4

1 оценка за Принципи на меѓународното право

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in