Принцот што личеше на Малиот Принц

Оригинален наслов: Принцот што личеше на Малиот Принц | Бр. на страни: 102 | Димензии: 148x210 | Корица: /

Новото литературно остварување „Принцот што личеше на малиот принц" од Јордан Ѓорчев, претставува современа варијација на познатиот роман на Антоан де Сент Егзипери „Малиот принц". На тој начин нашиот писател создал палимпсестно дело кое ќе биде примамлива литература за читателите од различни возрасти. Оваа творба е школски пример за тоа колку и на кој начин детето, кое за секогаш се носи во себе, ја создава и открива својата филозофија на животот и живеењето. Преку возбудливата приказна за планетата на која живееме и можните планети на кои би можеле да живееме, се покажува, дека пулсот на детето во нас е главен сензор на вистината и лагата, на радоста и тагата, на животот и смртта. Основен именител на возбудливата приказна што авторот умешно ја гради преку дијалог е потрага по големата љубов и враќање на радоста во животот. Дијалогот ја има привлечноста на детската наивност испреплетена со ненаметливо вградени филозофски нијансирања кои на текстот му придаваат значенска слоевитост, со пораки за хуманост наспроти грубиот рационализам врз кој е програмиран механизмот на денешниот свет. Сказната на Ѓорчев во својот поттекст ја проблематизира апокалиптичната визија како резултат на аномалиите на современиот свет и на лажните вредности на кои се темели свеста на него.

Цена: 230 ден

15 на залиха

Спореди
Продавач Меѓународен центар за славјанска просвета

Report an abuse for product Принцот што личеше на Малиот Принц

Категорија:
ИСБН: 978-608-4689-58-4

Меѓународен центар за славјанска просвета

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Принцот што личеше на Малиот Принц”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in