Прирачник за проучување на природата

Издавач: Чудна шума | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Прирачник за проучување на природата | Бр. на страни: 104 | Димензии: Б5 | Корица: мека

Истражувањето и проучувањето на природата се најстарите човекови активности. Преку нив, тој ја спознавал територијата што ја населува, просторот во кој живее и се храни, како и живиот свет – флората и фауната. Но, денес, кога природата под влијанијата на човекот драстично се менува, потребно е повторно одблизу да се запознаеме со нејзините вредности и елементи. Преку посета на природата и едуцирање за сите живи организми, се поставуваат темелите за нејзината заштита. Овој прирачник во неколку поглавја дава практични совети и методи како можеме да го проучуваме живиот свет околу нас, при прошетка низ шума, пикник или дури посета на градскиот парк. Темите, таксономски поделени, даваат и насоки, но и пораки за важноста на живиот свет околу нас. Во овој прирачник, наменет за сите возрасти, претставени се методи од апликативната екологија преку кои читателот може да го проучува живиот свет. Почнување на истражувачки дневник, следење на промените на сезоната, набљудување инсекти, птици и цицачи, како и собирање растенија и изработка на хербариум се само дел од содржините на овој прирачник. Целта на прирачникот е да го натера читателот да поминува колку што е можно подолго време на отворено во природа, да го спознава и да го набљудува живиот свет, да се грижи за загрозените живи организми и да го зголеми своето познавање за националните, но и за светските природни вредности.

Цена: 400 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Чудна шума ИД-Концепт консалтинг и дизајн

Report an abuse for product Прирачник за проучување на природата

Категории: , , , ,
ИСБН: 978-608-4938-01-9

Чудна шума ИД-Концепт консалтинг и дизајн

Questions and Answers

You are not logged in