Професорот

Издавач: Мартина | Јазик: македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: The professor | Бр. на страни: 238 | Димензии: 21 | Корица: /

Професорот е првиот роман на Шарлот Бронте, напишан под псевдонимот Карер Бел. Тој е напишан пред нејзиното најпознато дело Џејн Ер, но издавачите упорно одбивале да го печатат, затоа е објавен дури во 1857 година, по нејзината смрт.

Во книгата се зборува за животот на младиот професор Вилијам Кримсфорт, за неговото детство, семејната трагедија, неговата професија како професор во училиштето за девојки во Брисел и за неговите љубовни авантури.

Романот е инспириран од настаните и од личното искуство на Шарлот Бронте во Брисел, каде што студирала странски јазици во 1842 година во интернатот воден од Константин Хегер и од неговата сопруга Клер Зое.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 360 ден

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Професорот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-60-2

Questions and Answers

You are not logged in