Производство на вино: Од лозје до пазар

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Winemaking: From grape growing to marketplace | Бр. на страни: 496 | Димензии: 150x233 | Корица: /

Извонредно по содржина и по опсег, ова дело го опфаќа целиот делокруг на винската култура, вклучително хортикултура на винова лоза, дизајн на винарница, процес на производство, контрола на квалитет, анализи што се прават на готовиот производ и маркетинг. Во текстот се наведени последните научни истражувања од областа, пресликани во едно практично знаење што им станува достапно на лозарите, производителите на вино, едукаторите и на маркетарите за вино.
На едноставен начин и со логична поставеност на содржината, читателот се води низ стапиците и опасностите, соодветните алтернативни решенија и главните извори на опрема и на материјали во винската индустрија. Наведени се важечките прописи, регулативи и дозволи што се наложени од Бирото за алкохол, тутун и за огнено оружје во САД. Овој своевиден водич за производство на вино е наменет за пошироката публика, а особено за сегашните и за идните производители на вино, одличните познавачи на виното, професионалните продавачи и угостители, како и за студентите кои се во потрага по сеопфатен преглед на процесот за приозводство на вино.
Авторите се професори и специјалисти од Катедрата за храна при Универзитетот „Пердју“, Западен Лафајет, Индијана. Ричард П.Вајн е професор по енологија, Елен М.Харкнес е специјалист-енолог, а Сели Џ.Линтон е специјалист за маркетинг.
Имајќи предвид дека Македонија е голем производител на вино, оваа книга е вистинска придобивка за индустријата и убедени сме дека ќе го најде своето место во професионалните лични библиотеки од секоја винарница.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1890 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Производство на вино: Од лозје до пазар

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-253-3

1 оценка за Производство на вино: Од лозје до пазар

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in