Проколната земја

Издавач: Мирче Пешевски | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Проколната земја | Бр. на страни: 336 | Димензии: 20 | Корица: мека

Роман исполнет со тага и солзи, насмевки и љубoв, вистина и историја! Одлично дебитантско дело, кое несомнено ќе ги остави без здив сите оние кои ќе ја имаат привилегијата да го прочитаат. Авторот на извонреден начин успеал да исткае приказна која низ времето и просторот сликовито ја раскажува суровата вистина за историјата на неговото семејство кое потекнува од егејскиот дел на Македонија. Неверојатно вешто успева да ги спои вековите и настаните, од Големиот Александар па сѐ до денес; од Индија, преку Отоманската империја и тогашна Македонија, до Америка и Канада и назад до денешна Грција и Македонија. Динков зборува за една нова вистина, за соживотот меѓу обичните балкански луѓе и за нивната заедничка историја која сѐ уште има можност да биде посветла. Низ историскиот времеплов на неговото семејство, секој од нас ќе ја препознае болната судбина на Македонецот и на неговите предци, но и судбината на поделената Македонија, која речиси во детали е пренесена во овој роман. На крај, кога се затвора и последната страница, со сигурност секој ќе се запраша: Дали навистина Македонците ги следи клетвата на Александар? Дали знаеме да ги читаме пораките од „садот на судбината” што секој од нас го има во сопствените раце? И оттука, дали за сета наша болна историја треба да ја бараме вината само во „големите”, во оние што ни ја кроеле тогашноста и ни ја кројат сегашноста, или можеби најмногу од сѐ таа вина треба да ја бараме во нас самите, поради нашето неединство и автентичните македонски вредности, кои што сме дозволиле да се изгубат низ времето?! Роман кој со историски факти и болна вистина, со обоен начин на раскажување и оригинални ликови, води во потрага по вистината која треба да зближува.

Цена: 350 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Проколната земја

Категории: ,
ИСБН: 978-608-66504-0-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Проколната земја”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in