Птици во устата

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Pájaros en la boca | Бр. на страни: 144 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Наградена со „Каса де лас Америкас“ во 2008 година, оваа книга со 18 раскази ја поминува тенката линија што го дели фантастичното од реалното, натприродното од секојдневното, со еден флуиден и прецизен стил и со конкретна визија на светото, што потврдува дека Аргентинката Саманта Швеблин е еден од најважните и најоригиналните раскажувачи од својата генерација прозаисти на шпански јазик.

Хипнотизирачките приказни во „Птици во устата“ го пробиваат реалното со застрашувачка жестина. Сурови, несекојдневни, необични: чудното напати се наметнува во нив со банално и премолчено сомневање. Кај други, пак, со насилна и неповратна густина, како во кафкански кошмар.

Саманта Швеблин (1978) е аргентинска писателка од германско потекло. Дипломира на кинематографската шко­ла на Универзитетот Буенос Аирес. Пишува раскази и филмски сценарија. Добитник е голем број награди за своите раскази. Нејзините раскази се преведени на повеќе јазици, меѓу кои на англиски, француски, германски, шведски, чешки, српски.

Оваа книга е прв превод од творештвото на Саманта Швеблин на македонски јазик.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 200 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Птици во устата

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-021-6

1 оценка за Птици во устата

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in