Рајот може да почека

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Heaven can wait | Бр. на страни: 302 | Димензии: 21x13 | Корица: мека

„Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва... Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден... Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден. Она што најмногу ја мачи е тоа што пред да умре, таа беше лута и кога тој рече Те сакам, Луси Браун... таа не рече ништо! Уште несвесна за она што се случува, Луси се буди во предворјето - заглавена на пат помеѓу земјата и рајот. Не, ова не смееше да ѝ се случи! Па утре требаше да биде најсреќниот ден во нејзиниот живот. Таа не бараше премногу од проклетиот живот, таа бараше само да биде со човекот што го љуби и Господ реши дека на тоа треба да му се стави крај. И како да не е доволно лошо што е мртва, зарем мораше да умре без да му каже дека и таа го сака?! Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере... Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму... или... сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака... Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(6 оценки на корисници)

Цена: 360 ден 288 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Рајот може да почека

Категорија:
ИСБН: 978-608-65234-1-1

6 оценки за Рајот може да почека

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Ilinka Cekova (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Marija Hristovska (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Иво Митрушев (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  6. Rated 5 out of 5

    Фросина Трајковиќ (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in