Рамајана

Автор: /
Издавач: ФЕНИКС | Јазик: Македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: Ramayana | Бр. на страни: 86 | Димензии: 210х148 | Корица: мека

 

Живописна драма за десетглави кралеви и надземски убави принцези што завршуваат во нивните раце, приказ за битки меѓу доброто и злото во универзум на богови и демони, љубовна поема за додворувања од оној вид што одекнува низ вековите, „Рамајана“ е вториот голем санскритски еп, можеби помал и поприземен, но сигурно попристапен и попопуларен од „Махабхарата“.

Низ повеќе од 24.000 стихови, епот наводно приреден од Валмики, го следи потеклото и растењето на идниот крал Рама, неговата венчавка со Сита и нивниот егзил, средбата со мајмунот Хануман и неговите авантури, грабнувањето на Сита од Ракшасата Равана и, конечно, битката против него и враќањето на престолот.

Овде приопштена посредно според англиската адаптација на Вилијам Бак, оваа верзија на „Рамајана“ е веројатно и најчитаната: упатените тврдат дека потфатот на Вилијам Бак да ја прераскаже во проза е повеќе од успешен. На неупатените им преостанува да се уверат во ова тврдење читајќи го овој превод.

 

Цена: 265 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач ФЕНИКС

Report an abuse for product Рамајана

Категории: ,
ИСБН: 978-9989-33- 254-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Рамајана”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in