Рапави стихови

Издавач: Ад Вербум | Јазик: македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Рапави стихови | Бр. на страни: 340 | Димензии: 200х145 | Корица: тврда

Романот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште. Кога животот се поминува во потрага по таков Дом кој ќе биде огледало на архетипот на Домот, природно е да се очекува да дојде до опсесивна обземеност од идејата за враќањето во првата куќа, природно е да дојде до фасцинација од идејата за првата куќа (не од самата куќа!). Романот го исцртува тој круг на враќање во првата куќа и повторно враќање во „последната“ куќа, како спознаен круг кој покажува дека тука нешто недостасува, има една крупна фалинка: имено, Јаков Е., кога треба да се прибере „дома“ во Скопје, останува неподвижен во колата, со тегобно чувство дека тоа не е Домот што тој го посакува! Романот се структурира, токму со оваа сцена, како лавиринт чијшто излез е некаде заташкан/затскриен во меморијата, како живот кој ја губи смислата кога ќе се почувствува „загубата“ на домот (смислата за дом). Токму во последното поглавје е навестено едно сомнение кое на романескната приказна ѝ дава извесен филозофски шарм, извесна двосмисленост која го прави ова четиво да биде отворено четиво. Интересно за читање и за препрочитување на пасажите кои излегуваат од рамките на стварното и се мушнуваат некаде во сферата на метафизичкото.

Катица Ќулафкова

Цена: 400 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Ад Вербум

Report an abuse for product Рапави стихови

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4738-14-5

Questions and Answers

You are not logged in