Раскази (избор) Валзер

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Geschichten | Бр. на страни: 226 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Своевремено, за Роберт Музил, делото на Кафка е необичен случај на валзеријанизам - потврда повеќе на тврдењето дека Валзер е заборавената врска меѓу Клајст и Кафка. Игриво смирени, Валзеровите раскази раскринкуваат егзистенцијални теми на начин што го прави швајцарскиот автор еден од најраните, најголеми и, за жал, најзапоставени модернисти. 

Специфичен и особен, Валзеровиот стил е во знакот на малото, на лирското, на миговното, на тековното. Во таа смисла и творечкото кредо на Валзер е импресионистичко: тој е автор на кратки лирски моменти, на краткотрајни фасцинации, на непостојан книжевен фокус. Дури и во своите најмали раскази постојано ги менува темите, вметнува раскази во раскази, поттеми во теми („Животот на еден поет“, „Работникот“). 


Творечки, Валзер е близок до Пруст, кој цел живот пишува едно дело, односно до Вирџинија Вулф или Џемс Џојс, чии ликови следат еден внатрешен живот кој не кореспондира со надворешното, „реално“ време на нарацијата. Низ целокупното творештво на Валзер се провлекуваат истите карактери, истите теми и преокупации, небаре авторот постојано и непрестајно го пишува истиот расказ.

Цена: 250 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Раскази (избор) Валзер

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-485-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Раскази (избор) Валзер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in