РАЗГОВОРИ СО БОГА (КНИГА ПРВА)

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: 978-608-230-559-2 | Бр. на страни: 211 | Димензии: 20 | Корица: мека

Замислете да можете на Бога да му ги поставите најмистериозните прашања и претпоставете дека Бог ви дал разбирливи и јасни одговори. Тоа му се случило на Нил Доналд Волш. А може да ви се случи и вам. Подгответе се за еден необичен разговор што ќе ви го смени животот! Во еден тежок период од својот живот, Волш напишал луто писмо до Бога, прашувајќи го зошто животот му е неуспешен на сите полиња. И потоа слушнал глас: „Дали навистина сакаш одговор на сите овие прашања?“ Волш почувствувал дека одговорите му проблеснуваат во свеста и одлучил да ги запише. Дијалогот што следувал е книгата што ја држите в раце. Таа дава одговори на прашањата што сите ние си ги поставуваме: за животот и љубовта, меѓучовечките односи, доброто и злото, вината и гревот, простувањето и спасението, рајот и пеколот... Отворено зборува за моќта, парите, сексот, децата, бракот, разводот, здравјето, животното дело, иднината, минатото, сегашноста... Ги истражува војната и мирот, земањето и давањето, видливото и невидливото, вистината и лагата, конкретното и апстрактното... Понекогаш се појавува книга чија длабока мудрост од корен ќе ве смени. Разговори со Бога од Нил Доналд Волш е токму таква книга. Ќе ви помогне да се сетите кои сте навистина, зошто сте тука и која е повозвишената цел на животот. Ќе ви овозможи длабоко духовно будење и ќе го означи почетокот на едно посебно патување за духовен развој и проширување на свеста.

Цена: 350 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product РАЗГОВОРИ СО БОГА (КНИГА ПРВА)

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-559-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “РАЗГОВОРИ СО БОГА (КНИГА ПРВА)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in