Реторика

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 200 | Димензии: 125X200 | Корица: мека

Беседништвото како осмислен и ритмички обликуван начин на изразување, чија основна цел е убедување, придобивање слушатали за она што се заговара, е старо колку и самиот говор. Него Аристотел го крева на ниво на вештина заснована врз научни принципи. Својата длабока мудрост како филозоф и естетичар, прагматичар и систематичар на науките, тој ја излеал токму во ова дело. За него реториката е способност за научно составување на говорот, па тој детално ги образложува техничките методи на убедување, потоа видовите беседи, принципите на реторичкото докажување и побивање итн.Реторика е вистински неисцрпен извор на значења и импликации врз повеќе аспекти од теоријата, но и во практичниот живот. Во неа аналитичноста на Аристотел е блескава; восхитувачки се неговите максимално подробни прикази на темите, како и исклучителната способност за проникнување во сите составни делови на нештата, без оглед дали станува збор за деловите на беседата, за чувствата и за различните карактери на луѓето, за стилот итн.Вистински прирачник за секој човек кој го сфаќа говорот како моќно оружје со кое може да се постигне саканата цел.

Цена: 200 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Реторика

Категорија:
ИСБН: 9786082010854

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Реторика”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in