Сага за Јон

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Skáldsaga um Jón | Бр. на страни: 208 | Димензии: 13x20 | Корица: тврда

Сага за Јон и за неговите писма до бремената сопруга додека тој ja минува зимата во пештера подготвувајќи се за нејзиното доаѓање и за новиот живот Во 1775 година на Исланд владее невиден студ. Свештеникот Јон Стајнгримсон е осомничен за убиство на првиот сопруг на неговата сопруга Торун и протеран од манастирот. Тргнува на југ, кон Мирдарлур, и се сместува во една пештера. Чекајќи да пристигне сопругата, се надева дека таму ќе може да започнат нов живот. Но вулканот Катла се буди и почнува да блуе облаци пепел, уништувајќи ги природата и населбите, а Јон е во опасност да биде закопан жив во пештерата! Тој го исполнува времето во размисли за љубовта, идентитетот, верата, загубата, обновата на Исланд. Земјоделството и пишувањето писма до Торун му ги оттргнуваат мислите, но Јон ќе мора да се соочи со своето минато. „Сага за Јон“ е фасцинантна епистоларна приказна за „огнениот свештеник“, комплексна и таинствена личност, една од најнеобичните во историјата на Исланд. Книгата е добитничка на престижната Награда за литература на Европската Унија во 2011 година.

Цена: 250 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Сага за Јон

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-297-7

Questions and Answers

You are not logged in