Преглед на кошничка “Dizraeli” e додадена во Вашата кошничката

Сага за Тројство

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 545 | Димензии: 21 | Корица: мека

„Сага за Тројство“ е возбудлив научно фантастичен роман составен од неколку приказни. Приказните се движат во различни временски рамки, но сите настануваат како последица на еден настан опишан во првиот дел од книгата. Се работи за првиот контакт на луѓето со цивилизацијата на Вторите (Бесте). Останатите приказни ги следат настаните што се случуваат во следните векови, гледани од различни гледни точки на луѓето, Бесте и останатите цивилизации на кои наидуваат, а завршува со последниот бунт на луѓето 70.000 години во иднината. Започнувајќи со првиот контакт во 2159 година, преку кратката приказна од Рио де Жанеиро за корумпираноста на светот, потоа, приказната на еден војник распореден околу Куперовиот појас, научник бегалец на колонија околу Уран, една девојка, која им помага на Вторите да го ослободат нивниот матичен свет од паразитската раса, едноставно наречена Третите, преку тажната приказна за судбината на оние што ќе заминат на светот на Третите, нивната борба за опстанок и она во што тие ќе претворат само со цел да преживеат, за на крајот, да заврши со приказната на еден инженер 5.000 години подоцна и крајот на еден свет, кој безброј пати се менувал и еволуирал 70.000 години подоцна во еден свет, за чиишто жители, Земјата е само приказна и опсесија на тогашните историчари. „Сага за Тројство“ е приказна за инстинктот за преживување врежан во секое битие. За изборите што ги правиме за да преживееме и последиците од нив...

Цена: 390 ден

13 на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Сага за Тројство

Категорија:
ИСБН: 978-608-4641-77-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сага за Тројство”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in