Само дојди си дома

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Samo pridi domov | Бр. на страни: 238 | Димензии: 200х140 | Корица: /

„Само дојди си дома“ (2014), кој е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“ за 2015 година, опфаќа многу актуелна и претходно необработена тема во словенечката книжевност: политичките тајкуни и корупцијата. Во вителот од настани, кои може истовремено да се читаат како крими-фикција и како драма, критиката препознава и референтни точки од познатиот јавен живот (на пр., аферата Чиста лопата) и на актуелни состојби во Словенија. Ова е амбициозен и неверојатно читлив роман, со рафиниран фокус, динамичен дијалог и со комплексни ликови. Романот е анализа на состојбата на општествениот и на политичкиот морал, но без морализирање; на машко-женските односи во ултракапиталистичкото општество, но без сексизам; и на вонвременските теми како искушението, човечката интимност, општествениот успех и пад. Леон Берден го губи престижното работно место во адвокатската канцеларија, откако на прес-конференција ги разоткрива нечесните деловни зделки на својата странка. Иако во очите на јавноста станува јунак, самостојната канцеларија што ја отвора му останува релативно празна. Напнатост се појавува и во семејството, поради неговиот пад – грижата за домашните финансии ја презема сопругата, која добива функција на државна секретарка, а тој мора да ја преземе улогата на негувател на ќерката. Покрај сето тоа, Леон се заплеткува и со некогашната соученичка, а сегашна новинарка, која се интересира за вистинската причина поради која доаѓа до прекршувањето на доверливоста кон клиентот. Романот е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“. Андреј Ерменц Скубиц (Љубљана, 1967) е словенечки прозаист, драматург и преведувач. Тој е еден од најнаградуваните и најафирмираните современи словенечки писатели.

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Само дојди си дома

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-075-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Само дојди си дома”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in