Само најсекси маж кој постои

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 352 | Димензии: 21x13 | Корица: мека

Која е Тејлор Донован? Тејлор Донован веќе 7 години работи за една од најдобрите адвокатски компаниии во Чикаго. Таа е толку добра, врвот на најдобрите и сите најтешки случаи паѓаат во нејзини раце. Сега, ја праќаат во Лос Анџелес за да работи на актуелен случај за сексуална злоупотреба во кој е инволвиран познат ланец на маркети. Таа е одличен адвокат, а ова е прекрасна можност самата себеси уште еднаш да си докаже колку е добра во својата работа, но и да им се заблагодари на своите родители кои се жртвуваа за таа да се здобие со најдоброто и најскапото образование. Млада, успешна и ја обожава својата професија. Звукот на звонењето на телефоните во канцелариите на адвокатската компанија, принтерите кои бучат додека ги печатат извештаите за случаите, викањата по судниците... тоа е мелодија за нејзините уши. Таа не е само убиствено добар адвокат.... таа е воркoхолик. Кој е Џејсон Ендрус? Чекај, чекај - што е ова? Паралелно со судењето на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат? Па да речеме дека Бред Пит може да му носи вода. Џејсон Ендрус е смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нешто како Кларк Гејбл или Кери Грант, само уште подобар. Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата... со Богот на Сексипилноста? Мислам, таа е сепак професионалец... А тој? Тој е само еден обичен актер. Добро де, познат и до болка привлечен актер. Милиони мисли ѝ се мотаат во главата додека ја напушта канцеларија на својот претпоставен кој ѝ го дава новиот случај. Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм... Ма ти се молам - па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Нема ништо што би можело да ја помести нејзината емотивна рамнотежа. Зарем тоа може да го направи еден обичен актер кој дури не го ни познава. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? Луѓето кои тоа го мислат не знаат што е 24/7 работа и труд вложени во својата кариера. И нема НИКОЈ, АПСОЛУТНО НИКОЈ да ја загрози нејзината работа... и ја прикаже како недоделкан тинејџер. Тоа е тоа, нејзиниот збор секогаш мора да биде последен! Но, сепак таа го видела на малите екрани... И тој е неодолив. И згоден. Шармантен. Но и дрзок. Арогантен. Самобендисан. Тоа е човекот кој на национална телевизија изјавува дека секоја жена ја третира како ново сценарио: Ако не му го задржи вниманието после саат време, тој сценариото го фрла! Уффф... Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор - онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
Рангирано 4.8 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(10 оценки на корисници)

Цена: 390 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Само најсекси маж кој постои

Категорија:
ИСБН: 978-608-65234-5-9

10 оценки за Само најсекси маж кој постои

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Ilinka Cekova (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    Daniela Birachoska (верификуван корисник)

  6. Rated 5 out of 5

    ivana petreska (верификуван корисник)

  7. Rated 4 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  8. Rated 5 out of 5

    nadica iloska (верификуван корисник)

  9. Rated 4 out of 5

    Фросина Трајковиќ (верификуван корисник)

  10. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Џули Џејмс ми е омилена, сите книги и се предобри

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in