Сè поради еден бакнеж

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Tempted by his kiss | Бр. на страни: 356 | Димензии: 205х140 | Корица: тврда

Бајронови ги бие глас дека се „луди, лоши и опасни луѓе.“ И згора на тоа дека се многу негостољубиви. На преубавата Мег Амберли, никогаш не ѝ паднало на памет дека би можела да му стане вереница на лорд Кејд Бајрон. Но, еден ден, кога се најде среде снежна виулица на пат кон Шкотска, принудена е да побара засолниште, токму на имотот на Кејд. Набрзо Мег сфаќа дека е опседната со мажественоста на Кејд. Штом патиштата станаа проодни, таа има намера да си оди, но судбината повторно се заплеткува.

Заглавен во сеништата од военото минато, Кејд Бајрон не излегува од своето село. А потоа одеднаш се појавува Мег со своите бујни облини и таа влегува во неговиот живот. За да ја спаси нејзината чест пред случајниот гостин, Кејд ја претставува како своја вереница, а потоа одат во Лондон со намера Мег таму да го најде својот иден маж. Но, како што нивното преправање се зголемува, така Кејд сфаќа дека не сака да ја изгуби… Еден бакнеж засекогаш ќе промени сè.

Трејси Ен Ворен е современа американска писателка на историски љубовни стории. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД.

„Волшебен роман што потсетува на приказната за убавицата и ѕверот.“
− Кети Максвел

„Преубава и духовита романса што ќе ги фасцинира читателите. Паметни ликови, сочни дијалози и сензуални сцени.“
− Кет Робин, Романтик Тајмс Бук Ривјус

„Раскошна романса со многу убедливи и сложени ликови напишана со префинет стил, полн со духовити досетки и скокотлива сензуалност.
− Џон Чарлс, Ридер ту ридер

Цена: 430 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Сè поради еден бакнеж

Категории: ,
ИСБН: 978-608-253-159-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сè поради еден бакнеж”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in