Преглед на кошничка “200 načina da pobedite dosadu” e додадена во Вашата кошничката

Седумте големи тајни на космосот

Издавач: Мартина | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: СемЬ великих тайн космоса | Бр. на страни: 212 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Секој човек сам го создава своето небо, а убавината на целата околина бескрајно се зголемува во зависност од богатството и енергијата на неговите мисли. Неколку пати ја доживеав смртта, отфрлајќи ги една по друга сите свои привремени обвивки: прво физичкото тело, потоа етеричното тело и конечно мисловното тело. Сега останав сам со себе, немајќи што повеќе да отфрлам, значи, без можност за повторно умирање. Процесот на заминување на физичкото тело, наречено смрт, не претставува никаква разлика за индивидуалноста. Отфрлајќи ги сите тела, Вечниот Човек останува она што е . Тогаш е повторно дома, иако во суштина никогаш не го напуштил својот дом, само дел од својата свест и волја ја насочил со помош на проводник од нижата материја. Она што ние го нарекуваме живот и смрт, за индивидуалноста е само привремено насочување на дел од нејзината свест кон нижите светови. Смртта е само промена што го ослободува човекот од најтешките окови што го врзуваат. Смртта е само раѓање во поширок живот, враќање во вистинаската човекова татковина по краткото прогонство на Земјата. Смртта е најголемата земна илузија, смрт нема, постои само промена во условите за живот. Што е тоа што не тера да се вратиме на Земјата? Космичкиот закон. Како што гладот го турка гладниот кон храната, така законот на отелотворувањето го насочува подготвениот дух кон терминот на неговото раѓање. Физичкото тело на човекот му го даваат родителите, тие можат да му го пренесат само физичкото наследство - карактеристичните особини на расата и на нацијата во која човекот повторно се раѓа. Тоа е единственото наследство што тој го добива од родителите - сето останатосамиот го донесува во новиот живот. Интелектуалните и моралните особини не се пренесуваат од родителите на потомците. Само сознанието за непрекинливоста на животниот пат ќе ги натера луѓето да живеат за убавината и да умираат како патници кои го продолжуваат своето талкање. Немилосрдната судбина ќе се претвори во повик кон Космички живот.

Цена: 360 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Седумте големи тајни на космосот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-05-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Седумте големи тајни на космосот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in