Сета наша погрешна сегашност

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: All our wrong todays | Бр. на страни: 304 | Димензии: 21 | Корица: мека

Ја знаете ли иднината што си ја замислувале луѓето од 50-тите години на минатиот век? Епа сé се остварило. Во 2016 година на Том Берен човештвото ужива во техноутописки рај со летачки автомобили, подвижни улици и бази на Месечината, каде што авокадото никогаш не скапува и панк-рокот никогаш не ни постоел.. бидејќи немало потреба од него. Проблемот е што Том не може да го најде своето место во овој фантастичен, идеалистички свет и тоа уште пред целиот живот да му се преврти наопаку. Заслепен од една судбоносна незгода Том донесува избрзана одлука, која не го менува само неговиот живот, туку и самиот состав на универзумот. Со настанатата грешка при патување низ времето, Том се наоѓа во нашата 2016 година, таа што за нас е реална. За Том, нашата реалност изгледа како депресивна пустелија.

Но, кога ќе ги открие неочекуваните верзии од својата фамилија, кариера и, можеби – само можеби – неговата сродна душа, Том, мора да донесе одлука. Дали да го поправи историскиот тек на настаните и да го врати својот утописки универзум или да се обиде да создаде нов живот во оваа наша несовршена и непредвидлива реалност. Сета наша погрешна стварност е несекојдневна приказна за неочекувани патувања и алтернативни патеки, семејство, пријателство и љубовта во нејзините најразлични форми и облици. Патување низ времето, но и низ животот на еден човек кој ќе научи кој можел да биде, што на крајот ќе го доведе до тоа кој навистина е.

Цена: 270 ден 199 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Сета наша погрешна сегашност

Категорија:
ИСБН: 978-608-208-516-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сета наша погрешна сегашност”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in