Северно од Сонцето

Издавач: Академски печат | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Северно од Сонцето | Бр. на страни: 123 | Димензии: 120х170 | Корица: /

Книгата „Северно од сонцето“ содржи 23 приказни, поделени во три циклуси. Низ нив, на интересен и досетлив начин, доминира рефлексијата на модерното македонско секојдневие, како и мислата и желбата за подобро утре. Потрагата за среќа, неизвесноста на постоењето и постојаното откривање на љубовта преку сите нејзини форми, се темите кои доминираат и ја прават оваа книга едно посакувано и потребно патување.

...Не знаеш колку пати сум сакал да го извикам твоето име, низ грло полно отрови, низ вечери полни самотија. И колку пати сум се свртел низ крцкавиот кревет, очекувајќи твоја ранобудна воздишка. И секој пат е залудно. Жозефина, јас не живеам како порано. Денес сум среќен, но не повеќе од вчера. Денес живеам, но не повеќе од утре. Денес...денес ќе ти пишувам, а утре се ќе заборавам. И полесно е така. Не верувај им на овие редови драга. Тие се полни со задоцнета искреност, и крварат од желба. Не верувај на такви мисли, отровни се. Јас морам да им верувам. Мои се. И не дозволувам никој да го наруши овој спокој додека со зборовиве тргнувам кон тебе. Не болат сеќавањата на тебе. Боли тоа што не си сегашност. Боли како што боли твојот лик пресликан на туѓи лица. И секој кревет ист е како твојот, и секоја насмевка твоја е. И секој допир допира како твојот, и секој поглед твој е. Твои се сите разочарувања и радувања насликани на туѓи лица. Но добар сум денес.  Се чини и не може подобро. Знаеш, јас се уште спијам со отворен прозорец и запалено светло, со надеж дека така полесно ќе ме пронајдеш. И ете, не поминува ден во кој не сум те повикал. Не поминува ноќ во која не сум те посакал. Жозефина, дете на сите познати музи. Понекогаш заглавувам во сеќавањата онака без причина. Мирисам отстоени мириси и гледам замаглени слики. Често се сеќавам дека сонцето беше магично место скриено зад твоите прамени коса. Сега е само обична жолта иритирачка топка. Ветрот некогаш беше бескрајно милувачка дланка. Сега е само прашина и нервозно брмчење во ушите. Но сепак ми е сеедно. Сфатив дека сите мисли доколку ги држиш долго време заклучени умираат една по една. Сфатив дека се e до оној момент на обично, најпросто заборавање. Верувај ми, сите мисли ќе потонат во бескрајна тишина тогаш кога ќе научиме да забораваме. И среќни ќе поитаме кон зајдисонцето, не помнејќи дека некогаш сме се имале...

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 200 ден

48 на залиха

Спореди
Продавач Академски Печат

Report an abuse for product Северно од Сонцето

Категорија:
ИСБН: 978-608-231-150-0

1 оценка за Северно од Сонцето

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Odlicna kniga. imav moznost da ja zemam na promicijata. Vo sekoj raskaz moze da pronajdete del od sebe.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in