Си беше една жена која сакаше да го убие детето на соседката

Publisher: ИЛИ-ИЛИ | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Жила-была женщина, которая хотела убитЬ соседского ребенка | Num. of pages: 196 | Dimensions: 20х13 | Cover: /

Збирката раскази, со која Петрушевскаja за првпат му се претставува на македонскиот читател, претставува избор од можеби највиталната страна на нејзиниот писателски опус - загадочните и фантастични раскази. Тие се поделени во четири тематски целини според циклусите кои самата авторка ги уреди за руското издание. Љубопитниот читател ќе сретне мрачни и надреалистични вињети, раскажани во манирот на урбаниот фолклор, апокалиптични приказни за пропаста на социјално-политичкиот поредок, раскази кои ги истражуваат меѓучовечките односи под заканата од непознатото и после смртта, и вистински бајки за возрасни, како што самата писателка ги нарекува некои од своите прозни дела. Оваа книга на руската писателка е посветена на љубовта - поточно, таа е посветена на разните видови љубов, почнувајќи од речиси детската, безнадежна и вечна, и завршувајќи со умната и мудра љубов, љубовта која е подготвена на сè, која простува и која спасува. Судејќи по напишаното, писателката знае многу приказни, и еден дел од нив претставуваат бајки со среќен крај, додека други наликуваат на старите балади во кои бесмртна останува само љубовта. Уживајте!

Price: 250 ден

20 in stock

Compare
Sold By Или-Или

Report an abuse for product Си беше една жена која сакаше да го убие детето на соседката

Category:
SKU: 978-608-4770-07-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Си беше една жена која сакаше да го убие детето на соседката”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in