Сите ја сакаат Марта

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Сите ја сакаат Марта | Бр. на страни: 219 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Марта е девојка каква што најчесто постои само во книгите и на филмовите. Девојка која им помага со тешките кеси на бремени жени. Девојка која им помага на стари бабички да преминат улица. Девојка која е секогаш ведра, љубезна и насмеана, прекрасно воспитана и културна со сите. Девојка која ја знаат сите во градот и за која сите имаат само убав збор, никогаш лоша мисла ниту поглед попреку. Но набрзо по нејзината матура, се случува нешто ужасно. Марта е убиена. Градот е во шок. Никој не може да поверува. Но како е можно? Кој би можел да го стори тоа? Та нели сите ја сакаат Марта. Зошто тогаш некој би ја убил девојката ангел?

Млад детектив од главниот град е испратен на југот на земјата да се обиде да го реши со години старото убиство и конечно да им даде малку мир на родителите на Марта, нејзините брат и сестра, но и сите жители на малиот град кои со цело срце ја сакале младата мила девојка. Но кога тој попатно почнува да развива симпатии кон сестрата на починатата девојка, работите дополнително се комплицираат…

Цена: 300 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Сите ја сакаат Марта

Категории: ,
ИСБН: 978-608-260-165-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сите ја сакаат Марта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in