Сите наши тела

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Всичките наши тела | Бр. на страни: 141 | Димензии: 20 | Корица: /

Овие раскази можат слободно да се именуваат како микрораскази. Кратки, секавични, налик на едноминутните новели на Иштван Еркењ и приказните на Хармс, Господинов успева да вметне максимум информација во минимум јазичен простор. Ниту еден од овие стотина раскази не е здодевен, изнасилен, банален или „залудно испукан куршум“. Варираат според темите што ги покриваат. Присутни се и мноштво моменти на таканаречената ониричка фантастика (фантастика на сонот), темата на животот и смртта споени во новата поетска фантастика, па сè до сликите од детството кои истовремено и иницираат носталгија и нè оставаат замислени за тоа каде се изгуби невиноста на животот. Самиот Господинов верува дека во време кога веќе не постојат големи нарации во книжевноста, а долгите говори се сведуваат на кафанско дрдорење или малограѓански озборувања, една ваква книга е повеќе од потребна за да ни овозможи да го искомбинираме литературниот вкус и уметничкиот слободен термин во секојдневниот набиен распоред на работа и тривијални обврски. Овие микрораскази се совршена лектира додека го чекаме утринскиот автобус, додека чекаме да нè повикаат на шалтер во банка и додека ја чекаме девојката или дечкото во преполното кафуле.

Цена: 250 ден

15 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Сите наши тела

Категорија:
ИСБН: 978-608-261-009-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сите наши тела”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in