Скици нацртани со јаглен

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 237 | Димензии: 180x110 | Корица: /

Скици нацртани со јаглен е избор од четири новели, коишто се сметаат за едни од најдобрите на Хенрик Сјенкјевич. Иако останале во сенка на неговиот огромен опус од историски романи, коишто на Сјенкјевич му донеле голема писателска слава, сепак неговите новели и раскази претставуваат многу важен елемент од неговото творештво.
Мајсторството во непредвидливоста на настаните е една од главните карактеристики на овие раскази. Така, тие од комични стануваат трагични, ликовите од херои стануваат губитници... Сликовитата претстава на разликата во општествените сталежи и секојдневните судбини на луѓето од руралните средини, се нишката којашто провејува во поголемиот дел од неговите раскази и новели. Прекрасно украсената наративност, деталноста во раскажувањето и повремената директна комуникација со читателот, се карактеристиките со коишто Хенрик Сјенкјевич го освојува и најкритички настроениот читател.

Цена: 250 ден 188 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Скици нацртани со јаглен

Категорија:
ИСБН: 978-608-653-062-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Скици нацртани со јаглен”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in