Скопје, ти раскинуем

Publisher: ПНВ Публикации | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Скопје, ти раскинуем | Num. of pages: 84 | Dimensions: 18цм | Cover: /

Книгата содржи четиреиесетина куси раскази. За книгата рекоа: Овие прозни записи се одлична закуска додека се возите во автобус, додека мечтаете на плажа, додека го пиете попладневното кафе дома или пивото во градскиот парк, додека децата се на најблиските лулашки. Со кратко читање на овие микрораскази и подолго размислување за нив, оваа книга е совршена џебна енциклопедија на љубовта, урбаната егзистенција, стравовите, кошмарите и созерцанијата. Со оваа книга Тамара дефинитвно „раскинуе“ со Скопје, но не и со нејзините читатели. Душко Крстевски „Скопје, ти раскинуем“ му ја препорачувам на храбриот, урбан женски читател, кој има „муда од лабуда“ да ја заврти вековната, генетска, ментална завртка и подготвен е да разбере дека мааните кај љубениот ги забележуваме само тогаш кога престануваме да сакаме и почнуваме вистински да љубиме. Машкиот читател, но само оној со високо ниво на тестостерон и бестрашен ум за размисла (се плашам - ретка публика), ќе ја разбере Тамара „од прва“. Деспина Мукоска Тамара Јолевска Попов е родена на 30 март 1987 година во Скопје. Средното образование го завршува во уметничкиот колеџ „Бромсгроув“ во Бирмингем, Велика Британија. Дипломирала англиски и шпански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирала англиски јазик на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје. Долги години е присутна и на независната уметничка сцена. Автор е на збирката раскази „Ге-дур“ (2013, ИЛИ-ИЛИ). Автор е и на неколку необјавени драмски текстови. Работела како уредник во издавачки куќи, професор по англиски јазик во приватни училишта во Скопје, а во моментов е лектор на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

Price: 290 ден

10 in stock

Compare
Sold By ПНВ Публикации

Report an abuse for product Скопје, ти раскинуем

Category:
SKU: 978-608-4641-91-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Скопје, ти раскинуем”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in