Скопски есеи

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Скопски есеи | Бр. на страни: 280 | Димензии: 140х200 | Корица: тврда

Книгата „Скопски есеи“ од Јелена Лужина е истовремено книга за минатото и за иднината. Во неа, со поглед наназад, авторката ги портретира големците што оставиле трага врз македонската култура, почнувајќи од веќе подзаборавените Јосиф Михајловиќ и Аница Савиќ-Ребац; преку карикатуристот и сценограф Василие Поповиќ-Цицо; драмските писатели Бранислав Нушиќ и Душан Јовановиќ; поетите Светлана Христова-Јоциќ и Матеја Матевски; класичарката Љубинка Басотова и писателката Јадранка Владова; актерката и режисерка Тодорка Кондова-Зафировска, суфлерката Нада Прличкова; големиот Предраг Матвеевиќ, македонистот Петар Кепески и критичарот Димитар Митрев; и конечно режисерот Љубиша Ѓеорѓиевски, веќе култниот Дејан Дуковски и, во последниот есеј, драматургот Коле Чашуле. Но, исто така, покрај тоа што ги спасува овие фигури од срамниот заборав, Лужина ни ги приложува нам, особено на помладите, како образец и идеал, за што сè можат да бидат Скопје и македонската култура.

„Природно е и нормално градовите да ги У-својуваме, а не да ги О-својуваме! И обратно: тие да нè У-својуваат нас“, пишува авторката, бидејќи „градовите стануваат ’наши‘ исклучиво поради оној метафизички vibrato што го имаат или – просто – го немаат. Тие што некогаш го имале, ама потоа го загубиле.“ Заради оваа книга тој „метафизички vibrato“ продолжува да трепери низ сите оние што се сеќаваат и, сеќавајќи се, продолжуваат да творат без разлика на медиумот.

Цена: 390 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Скопски есеи

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-320-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Скопски есеи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in