Скулптор на смртта

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The death sculptor | Бр. на страни: 460 | Димензии: 21см | Корица: тврда

„Имаш среќа што не го запали светлото…“

Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.

Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.

Цена: 490 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Скулптор на смртта

Категории: ,
ИСБН: 978-608-260-137-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Скулптор на смртта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in