Случајот Чернобог

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 416 | Димензии: 13×20 | Корица: /

На почетокот на 1980-тите младите психијатри Јан Леви и Татјана Фауст добиваат задача да напишат теза за феноменот Елеонора Чернобог, случај што со децении неуспешно се провлекувал по психијатриски установи и за кој ниеден психијатар не успеал да постави вистинска дијагноза. Денот кога стигнуваат во поправниот дом каде што Елеонора е оставена од родителите е денот кога животите на тројцата се менуваат. Од научнички аспект недоверливи кон телекинеза, психијатрите доаѓаат со намера да ја земат Елеонора на Институтот за психијатрија. Нејзините претскажувачки зборови и телекинезата всадуваат страв, но и уште поголем интерес кај Јан и Татјана. Институтот и тезата на психијатрите се само параван за експериментите што државата сака да ги врши над девојката. Татјана по секоја цена сака да ја спроведе кај оние што ја бараат. Триесетина години подоцна, една млада режисерка е решена да сними документарец за „Случајот Чернобог“ зашто има многу прашања во врска со телекинеза и психокинеза, превидувања за иднината, комуникација со оној свет и претскажувачки соништа, кои само Јан Леви може да ѝ ги одговори. Дали Мона ќе го сними документарецот, или патем ќе го загуби умот кога ќе почне да гледа привиденија?
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 400 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Случајот Чернобог

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-434-6

1 оценка за Случајот Чернобог

  1. Rated 5 out of 5

    Љупка

    Книга која не можете да ја оставите.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in