Преглед на кошничка “Смарт боенка – Принцезата Лиле” e додадена во Вашата кошничката

Смарт боенка – Легендата за витезот

Автор: /
Оригинален наслов: Смарт боенка - Легендата за витезот | Бр. на страни: 12 | Димензии: 29х21 | Корица: мека

Смарт боенка со ликови кои оживуваат со помош на Вашиот смартфон!Витезите од легендите оживуваат на страниците на оваа боенка. 3D ликовите се движат, зборуваат (македонски јазик), а можете и да се фотографирате со нив!Ова е многу повеќе од обична боенка. Со помош на смартфон или таблет, преку апликацијата «3D AR Knight» страниците и ликовите од оваа боенка оживуваат – ќе се запознаете со храбриот витез Артур, неговиот верен помошник, малиот бел тигар и неговиот мудар ментор. Помогнете им во битката против лошите витези. Тие одговараат на твојот допир, разговараат (на македонски јазик) и ги покажуваат нивните боречки вештини. Одбери ја твојата омилена сцена и ќе можеш да се фотографираш со храбриот витез Артур и да ги објавиш фотографиите на социјалните мрежи.Апликацијата за смартфони и таблети функционира на Android (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).Внимавајте: За да бидете сигурни дека апликацијата ќе функционира непречено, обидете се да не боите преку задебелените црни линии на сликите.Упатство за инсталирање на апликацијата1. За да ја пронајдете апликацијата «3D AR Knight» скенирајте го QR кодот кој се наоѓа на левата страна или побарајте ја апликацијата «3D AR Knight» на Google Play (за Android) или App Store (за iPhone и iPad). Инсталирајте ја апликацијата на Вашиот уред. 2. Кога првпат ќе ја вклучите апликацијата од менито (горе десно) одберете го копчето со планетата, и одберете македонски јазик. 3. Потоа вратете се на главното мени и одберете ја опцијата Play. Внесете го кодот кој се наоѓа под грепката (вклучувајќи ги и цртичките помеѓу карактерите). За активација на кодот потребно е да имате пристап до интернет. Секој код може да се искористи најмногу на 3 уреди. 4. Откако ќе биде активиран кодот поставете ја боенката на рамна површина и насочете ја камерата од смартфонот или таблетот кон која било слика од боенката и почекајте да се појават ликовите од боенката.Мобилната апликација за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).

Цена: 139 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Меѓународен центар за славјанска просвета

Report an abuse for product Смарт боенка – Легендата за витезот

Категорија:
ИСБН: 9786080000000

Меѓународен центар за славјанска просвета

Questions and Answers

You are not logged in