Смарт боенка – Мистеријата на диносаурусите

Автор: /
Оригинален наслов: Смарт боенка - Мистеријата на диносаурусите | Бр. на страни: 24 | Димензии: 29х21 | Корица: мека

Смарт боенка со диносауруси кои оживуваат со помош на смартфон или таблет.„Тајните на диносаурусите“ е 4-во-1 неверојатна енциклопедија и боенка за диносаурусите. Не само што може да боите и да научите интересни факти за овие чудесни суштества, исто така преку апликацијата ќе можете да ги оживеете диносаурусите и да видите како тие изгледале и како се движеле во природата. За да ги „оживеете“ диносаурусите кои се наоѓаат на страниците од боенката, инсталирајте ја апликацијата «3D AR Dinosaurs». За да ги управувате диносаурусите можете да ги користите копчињата на менито што се појавува на дното од екранот, од левата страна. Во оваа боенка диносаурусите се Ваши пријатели сакаат да се фотографираат со Вас! За да се фотографирате со диносаурус – користете ја иконката за фотографирање во менито. Направените фотографии можете да ги зачувате во галеријата или да ги прикачувате на социјалните мрежи. Од главното мени, со избирање на режимот за очила за виртуелна реалност можете да правите прошетки помеѓу диносаурусите. Користејќи Google Cardboard очила или слични, ќе можете да шетате низ островот на диносаурусите. Но внимавајте, опцијата за виртуелни прошетки не може да се користи на сите смартфони. Мобилната апликација за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов). Внимавајте: За да бидете сигурни дека апликацијата ќе функционира непречено, обидете се да не боите преку задебелените црни линии на сликите.Упатство за инсталирање на апликацијата1. За да ја пронајдете апликацијата «3D AR Dinosaurs» за Андроид, iPhone или iPad, скенирајте го QR кодот кој се наоѓа на левата страна или побарајте ја аликацијата «3D AR Dinosaurs» на Google Play  за Android) или App Store (за iPhone и iPad). 2. Инсталирајте ја апликацијата на Вашиот смартфон или таблет. 3. Кога ќе ја вклучите апликацијата првпат, од менито одберете ја опцијата Play и внесете го кодот кој се наоѓа под грепката (вклучувајќи ги и цртичките помеѓу карактерите). За активација на кодот ќе Ви биде потребен интернет. Секој код може да се искористи најмногу на 3 уреди. 4. Откако ќе биде активиран кодот поставете ја боенката на рамна површина и насочете ја камерата од смартфонот или таблетот кон која било слика од боенката и почекајте да се појават диносаурусите на екранот.Мобилната апликација за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).

Цена: 149 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Меѓународен центар за славјанска просвета

Report an abuse for product Смарт боенка – Мистеријата на диносаурусите

Категорија:
ИСБН: 978-608-4689-29-4

Меѓународен центар за славјанска просвета

Questions and Answers

You are not logged in