Преглед на кошничка “Смарт боенка – Мистеријата на диносаурусите” e додадена во Вашата кошничката

Смарт боенка – Принцезата Лиле

Автор: /
Оригинален наслов: Смарт боенка - Принцезата Лиле | Бр. на страни: 16 | Димензии: 29х21 | Корица: мека

Смарт боенка со ликови кои оживуваат со помош на Вашиот смартфон!3D ликовите се движат, зборуваат (на македонски јазик), а можете и да се фотографирате со нив. Ве очекуваат часови добра забава. Одличен подарок за секое дете!Ова е многу повеќе од обична боенка. Со помош на смартфон или таблет, преку апликацијата «The Princess and Her Friends» страниците и ликовите од оваа боенка оживуваат – ќе се запознаете со  бавата принцеза Лиле, смешното маченце, храброто кученце и мудрото бувче. Тие си играат, разговараат и реагираат кога ќе ги допреш. Принцезата Лиле исто така знае да танцува (и зборува македонски), а нејзината облека и фризура можеш да ја промениш само со едно кликање. Откако ќе ја избереш твојата омилена комбинација, можеш да се фотографираш со прекрасната принцеза Лиле и да ги објавиш фотографиите на социјалните мрежи.Апликацијата за смартфони и таблети функционира на Android (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов). Внимавајте: За да бидете сигурни дека апликацијата ќе функционира непречено, обидете се да не боите преку задебелените црни линии на сликите.Упатство за инсталирање на апликацијата1. За да ја пронајдете апликацијата «The Princess and Her Friends» скенирајте го QR кодот кој се наоѓа на левата страна или побарајте ја апликацијата «The Princess and Her Friends» на Google Play (за Android) или App Store (за iPhone и iPad). 2. Инсталирајте ја апликацијата на Вашиот уред. 3. Кога првпат ќе ја вклучите апликацијата од менито (горе, десно) одберете го копчето со планетата, и одберете македонски јазик. 4. Потоа вратете се на главното мени и одберете ја опцијата Play. Внесете го кодот кој се наоѓа под грепката (вклучувајќи ги и цртичките помеѓу карактерите). За активација на кодот потребно е да имате пристап до интернет. Секој код може да се искористи најмногу на 3 уреди. 5. Откако ќе биде активиран кодот поставете ја боенката на рамна површина и насочете ја камерата од смартфонот или таблетот кон која било слика од боенката и почекајте да се појават ликовите на екранот.Мобилната апликација за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).

Цена: 139 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Меѓународен центар за славјанска просвета

Report an abuse for product Смарт боенка – Принцезата Лиле

Категорија:
ИСБН: 9786080000000

Меѓународен центар за славјанска просвета

Questions and Answers

You are not logged in