Смарт боенка – Тајните на подводниот свет

Автор: /
Оригинален наслов: Смарт боенка - Тајните на подводниот свет | Бр. на страни: 8 | Димензии: 21 x 29 cm | Корица: мека

Боенка со морски животни која се претвора во 3D аквариум!Наменета за љубителите на морските животни, но и за оние кои сакаат да научат повеќе, оваа боенка претставува забава за сите генерации!Тајните на подводниот свет е смарт боенка за деца и возрасни каде морските животни оживуваат во 3D верзија директно на страниците со помош на специјално дизајнирана мобилна апликација. Преку оваа боенка можете да ги набљудувате делфините, китовите-убијци, ајкулите, морските желки, октоподите директно на екранот на Вашиот смартфон или таблет.Ќе можете да ги гледате од сите агли, да ги следите нивните навики, начинот на кој ловат или се кријат од непријателите. Морските животни изгледаат реалистично и се однесуваат како вистински риби. Во апликацијата е вметната и опција за раскажување, па така додека ги набљудувате животните нараторот ќе Ви раскаже за начинот на кој живеат овие чудесни суштества. За оваа опција потребно е да имате пристап до интернет.Користејќи Google Cardboard очила за виртуелна реалност или слични ќе можете да прошетате низ загубениот остров и по морското дно за да ги погледнете живеалиштата на морската фауна. Мобилната апликација може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов), и iPad (2 или понов).Внимавајте: За да бидете сигурни дека апликацијата ќе функционира непречено, обидете се да не боите преку задебелените црни линии на сликите. Опцијата за очила за виртуелна реалност е достапна само за смартфони со определена големина на екранот и кои ја поддржуваат функцијата на жироскоп.Упатство за инсталирање на апликацијата1. За да ја пронајдете апликацијата «3D Underwater World» скенирајте го QR кодот кој се наоѓа на задната корица од боенката или побарајте ја апликацијата «3D Underwater World» на Google Play (за Android) или App Store (за iPhone и iPad). 2. Инсталирајте ја апликацијата на Вашиот уред. 3. Кога првпат ќе ја вклучите апликацијата од менито (горе, десно) одберете го копчето со планетата, и одберете македонски јазик. 4. Потоа вратете се на главното мени и одберете ја опцијата Play. Внесете го кодот кој се наоѓа под грепката (вклучувајќи ги и цртичките помеѓу карактерите). За активација на кодот потребно е да имате пристап до интернет. Секој код може да се искористи најмногу на 3 уреди. 5. Откако ќе биде активиран кодот поставете ја боенката на рамна површина и насочете ја камерата од смартфонот или таблетот кон која било слика од боенката и почекајте да се појават ликовите на екранот.

Цена: 119 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Меѓународен центар за славјанска просвета

Report an abuse for product Смарт боенка – Тајните на подводниот свет

Категорија:
ИСБН: 9786080000000

Меѓународен центар за славјанска просвета

Questions and Answers

You are not logged in