Смрт на Нил

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Death on the Nile | Бр. на страни: 300 | Димензии: 21 см | Корица: /

На една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како танцува со својот свршеник Сајмон Дојл, а силен впечаток му остава нејзиниот вљубен поглед во него. Следниот ден Жаклин оди во посета кај блиската пријателка и богата наследничка Линет Риџвеј во надеж дека таа ќе му понуди работа на Сајмон. По само три месеци, Сајмон ја прекинува свршувачката со Жаклин и стапува во брак со Линет. Нововенчаната двојка заминува на меден месец во Египет, каде што истовремено се наоѓа и Поаро. Во хотелот каде што се сите сместени, тој посведочува една немила средба помеѓу двојката Дојл и Жаклин, по што му приоѓа Линет и му се доверува дека откако се венчале со Сајмон, Жаклин де Болфор постојано ги следи во чекор, нешто што за нив станува неподносливо. Иако свесен дека нема да постигне многу, Поаро се обидува да ја вразуми Жаклин да престане да ги прогонува, велејќи ù да не си го отвора срцето пред злото. Таа не го слуша, туку напротив, му вели дека постојано фантазира за тоа како ја убива Линет. Случајот добива трагичен тек кога за време на крстосувањето по реката Нил се случува убиство, но тука е Херкул Поаро за да го реши. Романот „Смрт на Нил“, објавен во 1937 година, во истиот миг станува бестселер. Се работи за роман што ја обработува темата на љубовниот триаголник, како и љубомората и предавството, па така станува и еден од најомилените на публиката. Ова дело на Агата Кристи било адаптирано за театарската сцена, а исто така има и неколку филмувани верзии, како и адаптација за радиодрама на каналот Би-би-си 4.

Цена: 380 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Смрт на Нил

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-725-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Смрт на Нил”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in