Снежно слепило

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Snjóblinda / Ragnar Jónasson | Бр. на страни: 288 | Димензии: 14×20 cm | Корица: мека

Снежно слепило ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури. Напишан во манирот на класичен детективски роман, Снежно слепило е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат.

Цена: 330 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Снежно слепило

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4852-19-3

Questions and Answers

You are not logged in