Сребрениот куфер

Автор: Тери Тод
Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The Silver Suitcase | Бр. на страни: 320 | Димензии: 21 | Корица: /

Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелија се справува со смртта на мајка си. Како што надоаѓа нова трагедија што ù дава уште повеќе причини за да ја негира верата на своите родители, се појавува неочекуван посетител кој ќе го смени текот на нејзиниот живот. Сама, со тешко бреме и уште поголема тајна, таа носи одлука што ќе ја прогонува низ целиот живот. Настаните од овој бурен период единствено ќе му ги довери на својот дневник, кој ќе ù биде замена за пријател и за молитва. Многу децении подоцна, внуката на Корнелија, Бенита, минува низ лична криза, доживувајќи неколку загуби во само една недела, вклучувајќи ја и смртта на саканата баба. Емоционалниот и финансиски стрес што следува си го зема данокот од нејзиниот сопруг Кен, кој е невработен. На работ на развод, таа го открива дневникот на Корнелија. Со помош на дневникот, Бенита ќе појде на неочекувано патување што ќе ù донесе радост, исцелување и верба.

Цена: 480 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Сребрениот куфер

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-372-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сребрениот куфер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in