Стравот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Стравот | Бр. на страни: 179 | Димензии: 20 | Корица: /

Во својата прва книга, „Се гледаме на врвот“, Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде стравот како тема е само начнат како една од препреките на тој пат. Затоа беше сосема природно оваа чудовиштна и неоснована емоција, што претставува пречка во секојдневното себереализирање, да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга,тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот. Низ несебичното споделување на личните искуства, мисли и чувства, Коста Петров храбро нè води низ нашата психолошка битка, битката која секој од нас треба да ја добие за да може да го живее сето она што Универзумот го подготвил за него. Со својот јасен, сликовит и енергичен јазик, поткрепен со активизам, тој го поттикнува читателот на решителност и на храбро делување. „РАЗБУДИ СЕ! Еден ден, кога веќе нема да бидеш на оваа земја и кога ќе треба да се сретнеш со творецот, тој нема да те праша зошто не живееше како мене, или зошто не живееше како Мојсеј или како Робин Шарма. Тој ќе те праша: „Зошто не го живееше животот што требаше да го живееш?”. Токму поради ова твоја морална одговорност е да го победиш стравот! Подготвен?”

Цена: 299 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Стравот

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-168-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Стравот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in