Свекрва

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The Mother in Law | Бр. на страни: 320 | Димензии: 13×20 | Корица: /

Фасцинантен роман полн со пресврти за сложениот однос меѓу една жена и нејзината свекрва, однос што завршува со убиство… Од моментот кога Луси ја запознава мајката на својот сопруг, знае дека не е жена каква што Дијана посакувала за својот совршен син. Иако е извонредно учтива, пријателски настроена и секогаш великодушна, Дијана ја држи Луси на дистанца, и покрај очајничките обиди на снаата да се зближат. Дијана е столб на заедницата, поборник за права на бегалците и жена што со децении ужива во среќен брак; никој нема лош збор за неа… освен Луси. Минуваат пет години… Дијана е најдена мртва, а прошталното писмо вели дека веќе не сакала да живее поради ракот што ѝ го разорува телото. Само што аутопсијата не открива рак. Но затоа открива траги од отров и докази дека починала од задушување. Кој би можел да ја посакува смртта на Дијана? Зошто нејзиниот тестамент е променет во последен момент и ги лишува од наследство своите две деца, заедно со нивните брачни партнери? Нарушените односи и длабоко скриените семејни тајни стануваат сè пошокантни со секоја следна страница, така што овој роман не ќе можете да го испуштите од рака.

Цена: 400 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Свекрва

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-412-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Свекрва”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in