Тајна мисија

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Тајна мисија | Бр. на страни: 264 | Димензии: 220х137 | Корица: /

Тајна мисија донесува дваесет и еден расказ, кои на најдобар начин ја покажуваат умешноста на Влада Урошевиќ во формата што можеби најмногу му одговара: краткиот расказ. Станува збор за текстови во кои авторот го продолжува својот интерес за фантастиката, за необичното и чудесното во литературата. Истовремено, во книгата Урошевиќ уште еднаш ја потврдува својата супериорност кога станува збор за пишување раскази во чие средиште се наоѓа приказната – во манир на голем мајстор за раскажување тој владее со сите клучни аспекти на приказната, од поставувањето на атмосферата, карактеризацијата и односите меѓу ликовите, третманот на деталите, до развојот на дејството, заплетот и кулминацијата, која често изненадува, но никогаш не е немотивирана и не ја изневерува логиката на расказот.

 Раскажувањето е радост, смета Урошевиќ. Постојаното смислување и раскажување приказни што како искривено огледало се однесуваат кон светот, искривено огледало во кое тој попрецизно се одразува отколку во она другото, обично огледало во кое сè е толку јасно, видливо, точно... па поради тоа сосема лажно.

Цена: 315 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Тајна мисија

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-256-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Тајна мисија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in