Тарантула

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 172 | Димензии: 180x110 | Корица: мека

Овој книжевен обид несомнено има силна енергија, зборовите како да скокаат по парчињата хартија создавајќи слики, останувајќи за кратко пред нас, за потоа да бидат заменети со нови и уште посилни. Најверојатно тоа би бил и најпрецизниот опис на Тарантула, низа од слики што како вагони од некој психоделичен воз се нижат низ свеста без намера долго да се задржат, но, сепак, да остават силен впечаток дека сме доживеале ново и поинакво читачко искуство. Текстот претставува дестилат на Дилановиот занес, ексцентричност, мудрост и имагинативна енергија. Експлодира пред нас како некаков вербален пандемониум. Воодушевеноста од Бит-движењето, од слободата на изразот на Бит-генерацијата, од експериментирањето со психотропни супстанции како креативен стимуланс можеби било она што го натерало Дилан да го напише ова експериментално парче проза преплетено со поезија. Надреалистичкиот стил (наводно во тој период Дилан обожавал да го чита Рембо) под силно влијание од Џек Керуак, Алан Гинсберг и Вилијам Бароуз, изведен со Џојсовата техника „тек на свеста“, ни најмалку не е спокојна литература за обичниот читател, туку динамична јазична анархија што напати сосема ја губи смислата. Брзата испресечена синтакса го прави јазикот напнат, го нарушува нормалниот тек на мислата и создава чудни и неочекувани идеи и слики.

Цена: 300 ден

16 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Тарантула

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-83-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Тарантула”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in