Технологија на млечни производи

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Technology of Dairy Products | Бр. на страни: 456 | Димензии: 150х230 | Корица: /

Ралф Ерли е постар предавач по наука за храна во земјоделскиот колеџ „Харпер Адамс“. Пред да влезе во секторот на високото образование, повеќе од 19 години работеше во млечната индустрија. Беше на позиции од областа на производството,

истражувањето и развојот, осигурување и управување квалитет и беше менаџер за стандарди на квалитет во компанијата „Dairy Crest“, една од најголемите млечни компании во Обединетото Кралство. Тој работеше како консултант за менаџирање квалитет во прехранбената индустрија и предаваше наука за храна и технологија на Универзитетот од Плимут. Тој е автор на „Guide to Quality Management Systems for the Food Industry“.

Млечната индустрија претставува еден од најголемите сектори на прехранбената индустрија, а насекаде низ светот, млечните производи се клучен дел од исхраната на многу нации. Некои млечни производи, како такви, се консумираат како храна,

додека други, заработувајќи од карактеристиките на состојките на млекото, се приспособени за употреба во широк спектар на формулирана и преработена храна.

Целта на оваа книга е да го запознае читателот со главните процеси што се користат во млечната индустрија. Во неа се опфатени производството на малопродажните млечни производи и производи наменети како состојки при преработката на други видови храна. Секое поглавје ги разгледува процесите вклучени во производството на млечни производи и влијанието на преработката врз карактеристиките и квалитетот на производите. Исто така има поглавја во кои се разгледуваат хемискиот состав на млекото и микробиолошкиот и хемискиот вкус на млечни производи, како и хигиената и безбедноста на храната при производството на млечни производи. Книгата е значително преработена од првото издание, и тоа ја одразува стручноста на авторите од светот што имаат големо искуство во млечната индустрија и имаа голем придонес во неа.

Цена: 1990 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Технологија на млечни производи

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-294-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Технологија на млечни производи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in