Трчањето ме учи

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Трчањето ме учи | Бр. на страни: 201 | Димензии: 20 | Корица: /

Трчањето ме учи е збирка текстови инспирирани и посветени на големата пасија на повеќекратниот државен шампион во трчање Кокан Ајановски. Тој ѝ е добро познат на јавноста по своите достигнувања на тркачките патеки – над 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини – но и надвор од нив, како еден од амбасадорите на спортот кој секојдневно го популаризира и ја шири страста наречена трчање.

Овие кратки бисери се излезени од секојдневието на човекот за кого трчањето е многу повеќе од спорт – во трчањето Кокан ја пронаоѓа големата смисла на животот. Трчањето му е и животен учител чии лекции важат како на патеките така и надвор од нив. Сакајќи да сподели со вас дел од наученото, тој своите мали и големи откровенија ги пренесува на хартија, во текст полн со топлина и емоција.

Трчањето ме учи е книга полна со инспирација, мудрост, поуки, благодарност, љубов, и една посебна сила што постојано нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор – за да станеме подобри од она што веќе сме.

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Трчањето ме учи

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-686-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Трчањето ме учи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in