Три крста

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 150 | Димензии: 180x110 | Корица: мека

Романот Три крста во италијанската книжевност се вбројува во оние дела што го обележале значајниот пресврт на границата меѓу веризмот, натурализмот и психоаналитичките алузии на симболизмот. Со нарацијата и стилот на Федериго Тоци се занимавале критичарите Борџезе, Дебенедети, Казола, како и писателите Калвино и Моравија, додека во егзистенцијалната нитка тој наликува  на Кафка, Музил, Ман и Џојс. Иако Тоци не го познава Фројд, неговите описи на личности продорно се ткаат преку ракурсот на сиров и груб раскажувач, кој без многу книжевни инструменти го воведува читателот во тажните и тмурни реалности на човечката егзистенција.

Светот во кој живеат ликовите на овој роман не е ни ведар ни спокоен, туку е сплет од лаги, похота, среброљубие и цревоугодие, вител е на измами и илузии, и на горчливи емотивни полнежи, кои ги водат кон тешки душевни состојби, кон болест и гибел, но конечно и кон себепознание и соочување со себеси, иако трагично и неповратно. Овие ликови се беспомошни, немоќни, несмасни, вклештени, закочени, инертни, исклучени, маргинализирани и отфрлени.

Цена: 250 ден 213 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Три крста

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-86-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Три крста”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in