Царевиот лудак

Автор: Јан Крос
Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 449 | Димензии: 20 см | Корица: мека

Во Царевиот лудак, ремек-дело на најпознатиот и најценетиот естонски книжевник од 20 век Јан Крос (1920-2007), го запознаваме Тимо вон Бок, вистинска историска личност од времето на Александар Ι, кого царот заради искреноста го протерал и го прогласил за луд. Имено, за да го исполни ветувањето кое му го дал на царот уште во детството – дека секогаш ќе му ја кажува вистината – тој горлив идеалист му испраќа писмо во кое го критикува неговото владеење, но тоа не е вистината која царот сака да ја чуе. Романот е пишуван во форма на дневник кој го води шурата на Тимо, а бројните алузии на советскиот режим и неодоливиот хумор на авторот придонеле за големата популарност на делото во Естонија, но и во светот, за што говори и податокот дека Царевиот лудак е преведено на дваесетина јазици и овенчано со бројни награди. „Своите дела Крос ги пишувал за да ја надмудри цензурата, но фасцинацијата со неговиот опус на Запад само делумно произлегува од тоа“ - Дорис Лесинг

Цена: 499 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Царевиот лудак

Категорија:
ИСБН: 978-608-256-009-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Царевиот лудак”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in