Црно сонце

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Soleil noir / Julia Kristeva | Бр. на страни: 312 | Димензии: 15×23 cm | Корица: /

Во „Црно сонце“ авторката го комбинира својот суштински интерес за психоанализата со истражувања од областа на лингвистиката, естетиката, семиотиката и книжевната теорија. Првите неколку есеи се посветени на преиспитување на стандардната психоаналитичка и психијатриска разработка на депресијата и меланхолијата преку оригинален пристап што главно се темели на семиотиката. Во другите есеи, пак, Кристева ги анализира уметничките претстави на депресијата и меланхолијата во сликарството и во книжевноста. „Црно сонце“ е исклучително важна книга во поглед на разбирањето на интердисциплинарниот пристап во толкувањето на уметноста. Особено значаен е аналитичкиот дел во кој различни уметнички дела се разгледуваат низ комплексна методолошка призма. Кристева ги анализира сликите на Холбајн, романите на Достоевски и на Дирас, како и поезијата на Нервал, нудејќи оригинални и креативни толкувања и воспоставувајќи импресивен методолошки апарат.

Цена: 480 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Црно сонце

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4852-39-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Црно сонце”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in