ЦРВЕНА КАКО КРВ

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 258 | Димензии: 20,5x13 | Корица: мека

Некогаш одамна живееше девојче што научи да се плаши.
Бајките не почнуваат така, а Лумики не беше како другите.
Среде арктичката зима, седумнаесетгодишната Лумики Андерсон во темната комора на своето школо пронаоѓа куп банкноти со флеки од гримизна боја.
Илјадници евра оставени да се сушат – покриени со нечија крв.
Лумики живее сама, не оди на забави и не ги следи озборувањата на училиште, уверена е дека го оставила минатото зад себе.
Ама пронаоѓањето на крвавите пари менува сè. Лумики е вовлечена во вител од опасни настани. Кога ќе се посомнева во корумпираниот полицаец и брутален предводник на наркоманското подземје, ќе се најде во смртна опасност.
Ноќните кошмари стануваат уште помрачни.
Можеш да  побегнеш ама не можеш да се сокриеш.
„Интересот што го предизвика оваа книга е заслужен. Лумики е фантастична, приказната е возбудлива и првиот дел докажува оправдан успех. Сигурно ќе сакате да ги прочитате и продолженијата!“
СПИСАНИЕ VG
Трилогијата Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) стана книжевен феномен веднаш по објавувањето. Досега авторските права се продадени во повеќе од 50 земји во светот, а хероината на Сала, Лумики Андерсон, постана литерарна хероина која читателите и критиката ја нарекуваат нова Лизбет Саландер.
Сала Симука (1981 г.) е финска преведувачка и авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии на Универзитетот во Турк. Живее во Тампере и добитничка е на престижната награда Topelius Prize за најдобар фински роман за млади во 2013 година.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(4 оценки на корисници)

Цена: 350 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product ЦРВЕНА КАКО КРВ

Категорија:
ИСБН: 9786082530024

4 оценки за ЦРВЕНА КАКО КРВ

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Interesna sodrzina 🙂

  4. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    книгата е прекрасна, ви ја препорачувам

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in