Убиство во Ориент Експрес

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Murder on the Orient Express | Бр. на страни: 227 | Димензии: 21 см | Корица: /

Планот на Херкул Поаро да престојува неколку дена во Истанбул е нарушен кога добива ненадеен повик итно да се врати во Англија. Со помош на г. Бук, негов сонародник и директор на „Меѓународната компанија за вагони за спиење“, Поаро некако успева во последен миг да добие место на возот „Ориент експрес“ и линијата Истанбул-Кале. Еден од сопатниците, американскиот магнат Семјуел Едвард Рачет, му се обраќа на славниот детектив за помош со објаснување дека добивал анонимни закани по неговиот живот, но Поаро го одбива. Следното утро, додека возот стои завеан од снег на трасата помеѓу Белград и Винковци, Рачет го пронаоѓаат мртов во неговото купе, повеќекратно избоден до смрт. Херкул Поаро решава да го испита ова убиство и притоа открива дека се работи за сложено злосторство чиешто решение исто така бара сложени методи, пред сè, дедукција и употреба на малите сиви клетки. Романот „Убиство во Ориент експрес“, објавен во 1934 година, Агата Кристи го посветила на својот втор сопруг, Макс Едгар Лусиен Малован. Многу е веројатно дека приказната, која е делумно инспирирана и од вистинити настани, ја има создадено додека престојувала на археолошките ископини во местото Арпачија, Ирак. „Убиство во Ориент експрес“ се смета за најпознатото дело на Кристи со повеќе филмувани и ТВ-верзии

Цена: 380 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Убиство во Ориент Експрес

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-724-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Убиство во Ориент Експрес”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in