Преглед на кошничка “Бегство од биографија” e додадена во Вашата кошничката

Урбани легенди

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Урбани легенди | Бр. на страни: 225 | Димензии: / | Корица: мека
Извадок:

Книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски по многу свои нешта е вредно и необично остварување во доменот на нашата хроничарска литература. Ваквиот вид хроничарски записи не се многу чести кај нас. Тој факт зборува дека самиот овој жанр е доста комплексен и специфичен. Затоа, потребен е особен пристап, истражувања и пишувачка дарба. Потребно е суптилно прелевање на сите овие аспекти едни во други за да може да се дојде до саканиот резултат, а тоа значи пластично да се наслика едно време, неговата специфика, случувањата и личностите. Без оглед дали станува збор за музиката, некој друг вид на уметноста, спортот, или секојдневното урбано живеење. Во своите истражувања авторот користи еден метод кој е неопходен за ваквиот вид пишување: максимално ги користи сопствените сеќавања и личното сведоштво за настаните и личностите кои се предмет на неговиот интерес. Но потешкиот дел на овој вид ангажман се трагањата по настаните кои дамна се случиле, како и напорот да се откријат личностите кои судбината ги одвела по други патишта, а чии сведоштва се клучни за приказната. До таквите личности и настани понекогаш се доаѓа случајно, но главно преку долготрајни и исцрпни истражувања, како што тоа е направено во „Урбаните легенди“.

Цена: 400 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Урбани легенди

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4718-98-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Урбани легенди”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in