Урбанон: Прирачник за Агенти

Издавач: Современост | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Урбанон: Прирачник за Агенти | Бр. на страни: 160 | Димензии: 28 | Корица: тврда

Дали веруваш во урбани легенди? Што ако ти кажам дека сите урбани легенди се вистинити и дека има агенција чија главна задача е да го испитува паранормалното? Токму тоа е Агенцијата за Опсервација, Транспорт, Лабораторија и Контрола - ОТРАЛКОН. Нејзините агенти се шетаат меѓу нас неприметно, секојдневно справувајќи се со натприродното со цел да ја заштитат јавноста. Нови хорори се појавуваат постојано, и Агенцијата има потреба од нови агенти. После Урбанон: Тајните Документи продолжението доаѓа во форма на првата македонска друштвена игра со улоги (tabletop role-playing game). Нешто што го немало досега кај нас, играта е уникатна интерактивна приказна со повеќе играчи и еден Контролор (Game-Master) која главно се игра со разговарање помеѓу играчите и со фрлање на коцки. Секој играч си има свој карактер претставен на лист хартија исполнет со информации и атрибути. Преку тој карактер и со користење на сет коцки, играчот има удел во здружената приказна во која се наоѓаат сите играчи. Секој играч донесува одлуки за својот карактер, и со тоа влијае на останатите карактери и го менува самиот тек на приказната. Прирачникот доаѓа заедно со мапа за играње, екран за контролорот, како и карактерни листови за да можете веднаш да почнете со играње! Навлезете во светот на ОТРАЛКОН, станете Агенти и истражувајте урбани легенди, страшни настани и аномалии низ целата територија на Македонија.

Цена: 999 ден

500 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Урбанон: Прирачник за Агенти

Категории: , ,
ИСБН: /

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Урбанон: Прирачник за Агенти”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in